Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги донесе инвестициите на Заев
Инвестициите „Чагатај Кабло“, „ВИК“, „Таламон“, „Мурат Тичарет“, „Дура“ и „Кеслер“ се инвестиции договорени од ВМРО-ДПМНЕ, напиша денеска Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, откако оремиерот Зоран Заев наброја 19 странски компании кои инвестирале или ќе инвестираат во Македонија.
Според Мицкоски реалната сума на странски директни инвестиции е драстично помала од 624,5 милиони евра, туку дека тоа се реинвестирани добивки за да избегнат високо оданочување.
Заев претходно како нови странски инвестиции кои започнаа со работа, се во градба, започнуваат со градба или се во втора фаза на инвестирање ги додаде и Cranfield Foundry, Баумер, Саген, Reci &Sons, Џемдаг Лајтенинг, Доган Отомотив, Балканлар Пластик, Зенит од ОАЕ, Герешајмер, Малхотра Кабелс и Диатек.
