Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИЦКОСКИ: Според Евростат македонската економија е рангирана на 4-то место веднаш позади Ирска, Данска и Полска

МИЦКОСКИ: Според Евростат македонската економија е рангирана на 4-то место веднаш позади Ирска, Данска и Полска

Премиерот Христијан Мицкоски се пофали со растот на БДП. 

„Во првиот квартал на 2025 година реалниот раст на БДП, откако е избрана оваа Влада, трет квартал е 3 или повеќе проценти, а прилагодениот согласно сезонските и календарските податоци е 3,2 отсто, тоа е бројката што ја објавува Еуростат“, изјави Мицкоски.

Вели дека според Евростат, Македонија се најде на високото четврто место и тоа зад Ирска, Данска и Полска.

„Со тоа практично на досега објавените параметри кои што ги објавил Евростат македонската економија е рангирана на 4-то место веднаш позади Ирска, Данска и Полска“, рече Мицкоски.

Премиерот додаде дека ова е резултат на храброст, визија и многу работа.

Од СДСМ велат дека Мицкоски живее во паралелен свет. 

Слично

Поврзани вести