Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски: Со преставниците на маркетите заклучивме дека треба да има фер цени на производите

Мицкоски: Со преставниците на маркетите заклучивме дека треба да има фер цени на производите

Премиерот Христијан Мицкоски информираше дека денеска се сретнал со претставници на големите маркети и разговарале за цените. Ова се случува по војната која изби на Блискиот Исток. 

„Имав средба со големите маркети. Активно ја следиме состојбата и нема да дозволиме отстапувања и профитерство. Државата нема да интервенира во пазарот без причина. Но државата нема ни да стои на страна ако се создава реален притисок врз граѓаните без објективна основа. Со преставниците на маркетите заеднички заклучивме дека треба да има фер цени на производите и дека не треба да има ново зголемување. Продолжуваме да ја следиме состојбата и да интервенираме доколку има потреба за тоа. Најважен е интересот на граѓаните“, вели Мицкоски. 
Цените на нафтата деновиве имаа турбуленции. 
фото Фејсбук/Христијан Мицкоски

Слично

Поврзани вести