Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски: Се покренаа неколку процеси и неколку маркети одблиску ги следиме

Мицкоски: Се покренаа неколку процеси и неколку маркети одблиску ги следиме

Премиерот Христијан Мицкоски очекува и во декември да продолжи намалувањето на инфлацијата споредено со декември 2024, а претстојната година да биде приближно на ниво меѓу 2 и 3 проценти што, како што кажа, пониско од нивото на раст на БДП. Тој соопшти и дека овој месец ќе има „жестоки акции“ кон два или три маркети поради нефер трговски практики.

„Ценам дека внимателната политика на Владата, напуштање на оние политики на воведување мерки коишто знаеме дека еден-два месеца вродија со плод, но тоа потоа се растури во следните месеци и во тие месеци имавме висока инфлација од 4,5 па и близу 5 порценти. Сега е веќе 4, под 4, за оваа година, а за следната очекувам меѓу 2 и 3 проценти. Ценам дека теренската работа на Пазарниот инспекторат, на Комисијата за заштита на конкурентност, која ги анализира нефер трговските практики и жестоко реагира и се покренаа неколку процеси и неколку маркети одблиску ги следиме“,  рече Мицкоски.

Очекува во овој и наредниот месец, „да има жестоки драконски казни за маркетите коишто девијантно се однесуваа“.

фото Фејсбук/Христијан Мицкоски

Слично

Поврзани вести