Мицкоски потпиша меморандум со „Бурсток“, компанија за воена индустрија
Премиерот Христијан Мицкоски објави дека е потпишан меморандум за разбирање со Американско-британската компанија Бурсток којашто треба да инвестира во наменската воена индустрија во Македонија до 150 милиони долари.
Премиерот најави нови високоплатени 1.000 работни места, како и тоа дека очекува во воената наменска индустрија инвестициите да достигнат повеќе од 1 милијарда долари.
„Бурсток има долгогодишно искуство во областа на одбраната, дипломатијата, безбедноста и разузнавањето, обуката, консултантски услуги и управување со проекти, како и специјализирана во поморскиот и воздухопловниот комерцијален сектор“, додаде Мицкоски.
Слично
