Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски: Постојат сведоштва за манипулации во Заводот за статистика

Мицкоски: Постојат сведоштва за манипулации во Заводот за статистика

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција за економските политики на актуелната Влада рече дека постојат сведоштва кои тврдат дека се манипулира со податоците и резултатите во Заводот за статистика.

- Има разноразни сведоштва од сегашни и поранешни вработени од Завод за статистика за фабрикувани резултати диктирани од „Илинденска“ со цел да се стекне перцепција за подобри економсмки резултати. Следната Влада сериозно ќе се позанимава со тоа. Тоа претставува класична измама, која детално ќе ја истражиме како идна Влада. Вработените во Завод за статистика да не бидат соучесници во тоа кривично дело, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.

Мицкоски за денешниот резултат според кој само 32,3 проценти од планираните капитални инвестиции на годишно ниво се потрошени до крајот на септември вели дека се потврда за неспособноста, како што вели тој, на оваа Власт да ја развие економијата.

- Бројката со ребалансот на вуџетот е поголема и изнесува само 37,63 проценти од капиталните инвестиции, само затоа што скратени пари со ребалансот за капитални инвестиции се префрлени за други намени. Истите се вратени за поткуп на гласачите, бидејќи не знаат да ги потрошат за економски политики. Државата ги собира парите од бизнисот и граѓаните и ги трошат за останати трансфери за да обезбедат гласови за следните предвремени парламентарни избори, наведе претседателот на најголемата опозициска партија.

Тој додаде дека Македонија бележи пад на „Дуинг бизнис“ листата на Светска банка.и дека „eкономската заедница е притисната и се гуши бидејжи не и се исполнуваат барањата“.

- Овие показатели покажуваат дека реформи нема. Ова е најдобар показател дека Владата не ја бива. Доаѓа економски бум со проекти кој ќе ги претставиме во периодот кој се следи и ќе се почувствуваат во првите 100 дена откако ќе формираме Влада. Парите ги собираат, но ги пренасочуваат во други политики, а не ги инвестираат за развој, туку за штетни политики и поткуп. Така мислат дека народот ќе го заборави арамилукот., додаде Мицкоски.



Слично

Поврзани вести