Мицкоски: Пола советодавен тим на Битиќи е од „режимот“
Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, во денешното гостување во „Студио 10“ на ТВ24 потврди дека поранешниот министер за финансии Кирил Миновски и поранешниот вицепремиер за економски прашања Владимир Пешевски, кои во меѓувреме се дел од иницијативата „За татковината со љубов“, се членови на најголемата опозициска партија.
Мицкоски рече дека не бил информиран од нив дека ќе членуваат во неформалното советодавно тело иницирано од вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.
- Тие сакаат да бидат во друштво на оние кои не ја сакаат Македонија. Порано викаа „режим, режим“, а испадна дека пола советодавен тим во Владата се од режимот, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Слично
