Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски: Откако сме на власт, платите се зголемија за 10,5 отсто

Мицкоски: Откако сме на власт, платите се зголемија за 10,5 отсто

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање, се осврна на најновите податоци од Државниот завод за статистика и рече дека платите се зголемени за 10,5 отсто во земјата откако тој е на чело на новата власт.

„Но, она коешто е важно е дека сите оние тези на СДСМ, дека платата не растела, дека долгот се зголемувал, дека сме ги задолжиле неродените генерации со седум милијарди итн. полека но сигурно, како меур од сапуница, се распрснуваат. Имено, вчера Државниот завод за статистика објави податок дека и бруто и нето платата во јули е за повеќе од 10,5% поголема од јули 2024 година, којшто, впрочем, беше и прв месец од оваа Влада. Така што тезата на СДСМ дека платите не само што не растеле, туку и се намалувале, не држи вода“, истакна Мицкоски.

Премиерот Мицкоски нагласи дека на крајот од вториот квартал заклучно со месец јули 2025 година, за прв пат после многу време и државниот и јавниот долг се намалени, едниот за 4 отсто, другиот за 2,7 проценти.


Слично

Поврзани вести