Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски оствари средба со менаџерите на „Lidl“ и „Kaufland“ во Минхен

Мицкоски оствари средба со менаџерите на  „Lidl“ и „Kaufland“ во Минхен

Премиерот Христијан Мицкоски на почетокот на неколкудневна посета на Германија, каде ќе присуствува на 62-та Минхенска безбедносна конференција, објави дека во Минхен остварил работна средба со менаџментот на германскиот гигант Schwarz Group, под чија капа работат светски познатите брендови „Lidl“ и „Kaufland“.

„Разговаравме за нивните планови за инвестиции, отворање нови работни места и модернизација на трговскиот сектор во нашата земја.

Ги отвораме вратите за домашните компании да ги пласираат своите производи во големите европски синџири.

Продолжуваме да разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава“, наведе премиерот.

Мицкоски на средбата беше заедно со министерот за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунски.

Слично

Поврзани вести