Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски од Собрание: Работниците да бараат повисоки плати од работодавачите, Владата не е адреса за тоа

Мицкоски од Собрание: Работниците да бараат повисоки плати од работодавачите, Владата не е адреса за тоа

Премиерот Христијан Мицкоски по синоќешниот протест на ССМ, денеска како одговор на пратеничко прашање во Собранието на работниците им порача дека Владата не е адреса на која треба да бараат вонредно зголемување на минималната плата на 600 евра.

- Прво и најважно - Владата е таа која посредува во бипартидниот дијалог помеѓу работници и работодавачи. Второ - принципиелно ја поддржувам секоја демократска иницијатива на секој работник за своето право. Секој работник кој сака повисока треба да се поддржи, но тоа да е надпартиски.

Трето- раководството на ССМ излезе со многу невистини, лаги, навреди, ниски страсти,како резултат на нивната бујна фантазија и фрустрација која ја имаат во своите соништа.

Јас сум сериозно разочаран од тие кои треба да се авангарда и луѓе со интелектуална свест, но видовме дека се целозно политизирани,инструментализирани и водени од гнев и омраза - најмногу кон мене и оваа влада,рече премиерот.

Мицкоски повторно се повика на потпишаните долгорочни колективни договори на државата со синдикатите, кои од друга страна немаат поврзаност со растот на минималната плата.

- Повисоки плати треба да се бараат, но за тоа не е адреса Владата, туку работодавачите, но и оние кои седум години беа Влада и ја крадеа и опустошуваа оваа држава, вклучително и работниците, а го рекетираа и бизнисот.Тие се тие кои што се вистинската адреса за протести, додаде тој.

Слично

Поврзани вести