Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски oд Давос: Имавме многу успешни и инспиративни средби со голем број на мултинационални компании

Мицкоски oд Давос: Имавме многу успешни и инспиративни средби со голем број на мултинационални компании

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека на Економскиот форум во Давос имале средби со многу мултинационални компании. 

„Денес имавме многу успешни и инспиративни средби со голем број на мултинационални компании, теми коишто беа опфатени се темите од областа на енергетиката, здравството и високата технологија. Од наша страна беа претставени можностите за инвестиции во Македонија, нешто што ќе значи додадена вредност за македонските компании. Вториот дел од денот го посветивме на Панелот за енергетика на којшто бев говорник, панел на којшто учество земаа буквално светското водство во енергетскиот бизнис, компании коишто доаѓаат од сите континенти. Разговаравме за очекувањата и плановите во енергетиката во годините коишто следат. Она коешто можам да го заклучам од овој панел е дека потребата од електрична енергија ќе расте, затоа што во годините коишто го следат развојот на човештвото ќе опфаќа развој на вештачка интелигенција, а со тоа и центрите за податоци коишто работат на електрична енергија, а ние како држава треба тој чекор да го следиме и во таа насока да ја развиваме нашата економија“, пишува Мицкоски. 

Тој е убеден дека како држава ќе успееме во намерата. 

фото Фејсбук/Христијан Мицкоски


Слично

Поврзани вести