Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски: Од 1 октомври линеарно зголемување на пензиите

Мицкоски: Од 1 октомври линеарно зголемување на пензиите

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на најавата за есенско зголемување на пензиите, рече дека тоа жебиде линеарно и дека же се исплаќа од 1 октомври.

„Да, од 1 октомври е првичната корекција на пензиите, она линеарно зголемување. А потоа и ќе биде на пролет, со што ќе се заокружи оној инвестициски циклус и зголемување на пензиите за пензионерите, линеарно во вкупен износ по пензионер од 7.000 денари. Тоа практично ги надминува оние 5.000 кои што ги зборувавме за време на кампањата.“, рече Мицкоски.

Претходно тој најави дека оваа есен ќе се зголемат пензиите линеарно по 1.000 денари за секој пензионер, а потоа на пролет уште еднаш линеарно по 1.000 денари. Тогаш запрашан зошто се користи линеарниот модел, а не процентуалниот, рече дека така сакале пензионерите.


Слично

Поврзани вести