Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски: Очекувам од „Лидл“ да има 50 отсто македонски производи и ниски цени

Мицкоски: Очекувам од „Лидл“ да има 50 отсто македонски производи и ниски цени

Премиерот Христијан Мицкоски на денепниот брифинг со медиумите појасни дека на вчерашната средба со раководството на „Лидл“ покрај разговорите за логистичката поддршка од државата, побарал асортиманот на ланецот маркети да биде застапен со 50 отсто домашни производи.

- Побаравме таа застапеност да дојде некаде до 50 проценти. Ние очекуваме минимум 50 проценти, ноете да дојде барем до 50 проценти, рече Мицкоски.

Покрај тоа,премиерот пренесе и дека го истакнал своето очекување за пониски и подостапни цени за граѓаните.

- Очекувам да работат во насока на нормите за цена што е прифатлива за македонските граѓани. Ние ќе испорачаме се без посредници, без „провизии“,па „јас го знам овој, оној“, такви работи нема да има, додаде Мицкоски.

Тој очекува дека „Лидл“ до крајот на 2024 од Македонија ќе извезе овошје и зеленчук во вредност од околу 5 милиони евра, а на долг рок таа бројка да се зголеми од 50 до 100 милиони евра.

Вчера Мицкоски овјави дека бил на средба со менаџментот на „Лидл“ на која „бил информиран за потешкотиите и административни пречки со кои се соочувал германскиот синџир маркети од претходната Влада“.

„Денес имав средба со дел од менаџментот на „Лидл“ кој подолго време превземаат активности за почеток на инвестицијата во државата. Разменивме информации за бројните потешкотии и административни бариери со кои се соочувале од претходната Влада. Инвеститорите кои сакаат да вложат во економскиот прогрес и ќе вработат македонски граѓани не смеат да бидат ставени на страна. На брза трака ќе го откочиме процесот и за брзо ќе ги имаме ланците на маркети „Лидл“, стои во објавата на фејсбук профилот на премиерот Мицкоски.


Слично

Поврзани вести