Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски обвини дека парите кои се задолжуваат, се потрошени за изборите

Мицкоски обвини дека парите кои се задолжуваат, се потрошени за изборите

За само три месеци владата на СДСМ го зголемила јавниот долг за една милијарда евра, обвини претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. 

Вели дека овие парите кои се задолжуваат, се пари кои се потрошени за изборите.

Додава дека во април опоменал за три сценарија поврзани со кризата, а првото вели се остварува. 

„Согласно податоците од Министерството за финансии заклучно вториот квартал од 2020 јавниот долг изнесува 59,5%, додека државниот долг 50,7%, што споредено со претходното тримесечје повеќе за 8,9 процентни поени. Потрошени се нови една милијарда евра, ама нов автопат, нови градинки, училишта, болници нема. Но, има криминални избори и масовен поткуп“, посочува Мицкоски.

Покачувањето на јавниот и државниот долг во вториот квартал се должи на повлекувањата на средствата преку еврообврзницата и заемот од Меѓународниот монетарен фонд, со цел обезбедување на ликвидност во време на КОВИД-19 кризата,  информираат од Министерството за финансии. 

Слично

Поврзани вести