Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски: Нема потреба од прогласување кризна состојба, ќе разговарам со маркетите да не ги поскапуваат цените

Мицкоски: Нема потреба од прогласување кризна состојба, ќе разговарам со маркетите да не ги поскапуваат цените

Премиерот Христијан Мицкоски денеска пред медиумите рече дека нема да биде прогласена кризна состојба од страна на Владата со цел да се намали акцизата на горивата по големиот пораст на цените, особено на дизелот.

Мицкоски рече дека горивата имаат најниска цена во регионот и граѓани од соседните земји поради тоа точеле гориво во земјата. Премиерот очекува стабилизација на цените по денешните вести од светската берза.

- Во пограничните општини голем број од граѓаните од соседството доаѓаат да точат дизел гориво и затоа побргу од очекувањата на некои бензински станици снемува гориво. Државниот пазарен инспекторат е континуирано на терен и нема прекини во снабдувањето. 

Добра вест е таа од изутрина дека цената на светските берзи е во опаѓање. Вчера го достигнаа пикот од 120 долари за барел, но денес е некаде за 90 долари од барел. Така што, ја следиме состојбата многу внимателно и во зависност од настаните така ќе реагираме, рече Мицкоски.

Тој додаде дека утре ќе одржи состанок со малопродажните синџири со цел да нема злоупотреби на новите цени на горивата како изговор за поскапување на основните прехранбени продукти.

- Јас во текот на утрешниот ден ќе имам состанок со ланците на маркети и хепермаркети, да не се користи овој притисок да веднаш се зголемат цените и притисокот да се префрли на потрошувачката кошничка на граѓаните а да не мораме ние како Влада да преземаме друг тип на офанзивни мерки. Очекуваме тие да бидат фер кон граѓаните, за ние како Влада да бидеме фер кон нив. Да го заштиме заеднички стандардот на граѓаните

Во моментот не гледаме потреба од прогласување на кризна состојба, токму поради овие аргументи за кои зборував, заклучи тој.

Слично

Поврзани вести