Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски не отстапува: Зголемувањето на пензиите ќе биде линеарно

Мицкоски не отстапува: Зголемувањето на пензиите ќе биде линеарно

Премиерот Христијан Мицкоски денеска при посетата на Кавадарци на новинарско прашање рече дека следното покачување на пензиите ќе биде линеарно.

Ваквиот одговор следи во период кога Уставен суд подготвува разгледување на уставноста на овие последни одлуки.

- Ќе има повторно линеарно зголемување на пензиите со исплата во април за мартовската пензија. така што продолжуваме со таа политика, рече Премиерот.

Според Мицкоски, статистичките параметри за нивото на сиромаштија укажуваат на потребата да се зголемат пензиите на линеарен начин, наместо на пропорционален.

- Сакаме да го намалиме нивото на стапката на сиромаштија кај оваа група а со тоа и нееднаквата распределба на доходите кај различни групи на граѓани, додаде тој.


Слично

Поврзани вести