Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски: Му се заблагодарувам на Фатмир Битиќи за доаѓањето на BMZ во Македонија

Мицкоски: Му се заблагодарувам на Фатмир Битиќи за доаѓањето на BMZ во Македонија

Денеска во ТИРЗ Скопје беше поставен камен-темелник на новата германска инвестиција БМЗ, која ќе произведува литиумско-јонски батерии, а премиерот Христијан Мицкоски рече дека за нивната одлука да дојдат во Македонија заслуги има вицепремиерот за економски прашања од претходната власт Фатмир Битиќи.

- Да му се заблагодарам на поранешниот вицепремиер за економски прашања Фатмир Битиќи. Претпоставувам дека тој со тоа не успеал да ги убеди граѓаните доволно пред парламентарните избори до 8 мај, па оваа влада го заврши овој процес, рече Мицкоски.

BMZ Group ќе инвестира околу 65 милиони евра, а директорката Јелица Ивановска рече дека тие и досега проиузведувале во земјата.

- Ние расботевме со 110 вработени и досега , но како „браунфилд“ во фабриката на  Раде Кончар во сектори со пет линии. Сега ќе градиме нова и модерна фабрика, планираме 40 производни линии да донесеме , а вкупниот број на работници да биде помеѓу 700 и 1.000.  Извозот ќе биде наменет најмногу за Германија и Полска.

Проценките се дека фабриката ќе биде пуштена во погон во мај.

Слично

Поврзани вести