Мицкоски: Куповната моќ на минималната плата во Македонија е зголемена за една година
Премиерот Христијан Мицкоски денес рече дека за една година, според податоците на Евростат, е зголемена куповната моќ на минималната плата во земјата. Уште еднаш повтори дека владата може уште утре да ја зголеми минималната плата,но дека тоа не би било договор помеѓу синдикатот и работодавачите.
- Македонија е единствена земја во која споредено првта половина од 2025 со првата половина од 2024,куповната моќ на минималната плата има зголемување. Кај сите други земји има или стагнација,или намалување
Ќе се појават коментатори на социјалните мрежи кои ќе го исмејуваат ова што ќе го кажам, но тоа се факти кои што ги објавува Евростат, рече Мицкоски.
Премиерот додаде дека овие податоци се порелевантни од минималната потрошувачка кошничка, за која додаде дека ја правеле поранешни министри од СДСМ како Драган Тевдовски и Никола Поповски.
