Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски: Коментарите за дата-центрите се ширење хистерија

Мицкоски: Коментарите за дата-центрите се ширење хистерија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска како одговор на новинарско прашање при посетата на Илинден го нарече ширење хистерија коментирањето од страна на одредени невладини групи и активисти дека струјата за евентуален дата-центар за напојување на вештачка интелигенција во Македонија ќе се произведува од горење отпаад.

- Тоа има за цел да создаде хистерија во општеството и потоа сите ние да веруваме дека таа хистерија е точна. Јас сум професор и сигурно на тие што ја предизвикуваат таа хистерија не им е повеќе за државата и граѓаните отколку на мене како техничко лице, барем исто.  Е сега ако е исто, главните пораки на Давос годинава беа за вештачката интелигенција и дата-центрите за да функционира таа вештачка интелигенција. Ако светот својот развој во иднина го темели на тоа , како влада не можеме да се помириме со фактот ека таа мала група на луѓе ќе се обиде повторно да го попречи развојот на државата, рече Мицкоски.

Премиерот додаде дека владата ќе излезе со покнкретни детали во оној момент кога ќе има заинтересиран инвеститор кој ќе сака да гради дата-центар и да постигне договор. Рече дека правните акти што ќе се донесат за оваа материја ќе бидат како оние во САД и Франција.

Слично

Поврзани вести