Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски: Ќе се вратиме 40-50 години наназад кога домаќинствата се соочуваа со недостаток на електрична енергија

Мицкоски: Ќе се вратиме 40-50 години наназад кога домаќинствата се соочуваа со недостаток на електрична енергија

Според првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од сега е јасно дека оваа зима ќе имаме рестрикции на струја. 

Објаснува дека енергетската криза ќе доведе до финансиска криза затоа што овие трошоци некој мора да ги плати, а тоа ќе биде народот.

Вели дека состојбата е алармантна и дека со почетокот на грејната сезона електро – енергетскиот систем  ќе биде оптоварен поради потребите на граѓаните и стопанството, а ние нема да обезбедиме евтин ресурс. 

„Мислам дека многу скоро од денеска ќе се вратиме 40-50 години наназад кога за жал домаќинствата се соочуваа со недостаток на електрична енергија, недостаток на струја и се воведуваа рестрикции“, изјави Мицкоски.

Од Владата уверуваат дека редовно имаат состаноци на оваа тема и дека граѓаните треба да бидат спокојни. 

Крешник Бектеши, министер за економија, на денешната прес - конференција изјави дека нема да има големи ценовни шокови со цената на струјата, ниту по први јануари.

Но, ова е криза која глобално го засега светот. 

Слично

Поврзани вести