Мицкоски: Ќе ја намалиме акцизата, ако енормно се зголемат цените на горивата
Премиерот Христијан Мицкоски денес при посетата на Штип како одговор на новинарско прашање рече дека безбедносната состојба, според проценките, е стабилна во Македонија по ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток.
Единствено, може да се очекува поголемо зголемување на цените на горивата, но премиерот рече дека во тој случај државата ќе се откаже од дел од акцизата за да не се почувствува голем ценовен шок.
- Безбедносната сосотојба е стабилна и мирна. Во овој момент не постои ризик, врз основа на информациите кои ги добивме од службите. Состојбата безбедносно е стабилна, може со тек на време ќе имаме економски предизвици со притисок на цената на нафтата. И тука разгледуваме намалување во делот на акцизата, кај даноците, за да го намалиме ударот за македонските граѓани, наведе Мицкоски.
