Мицкоски: Ќе имаме пет потрошувачки кошници
Ќе имаме пет потрошувачки кошници, една за самец, за млад брачен пар, за тричлено, за четричлено семејство и за пензионери. Oва денеска го најави премиерот Христијан Мицкоски.
Тој рече дека различни категории граѓани имаат различни потреби.
„Интензивно работиме со професори и со министерот за економија, Бесар Дурмиши, на оваа тема. Како што сум информиран процесот на утврдување на репрезентативност на синдикатите е завршен и наскоро ќе се одржи седница на Економско социјален совет на која ќе се разговара и за потрошувачката кошница. Сметам дека тука треба да има 5 сегменти, односно да има потрошувачка кошница за самец, за млад брачен пар, за тричлено семејство, за четричлено семејство и за пензионери. Потребите на еден пар пензионери се различни од потребите на еден млад брачен пар“, изјави Мицкоски.
Претходно, премиерот имаше забелешки за потрошувачката кошничка и реагираше дека во неа има цигари, нес кафе и други намирници кои за него биле чудни.
фото Фејсбук/Христијан Мицкоски
