Мицкоски: Имаме полека стагнирање и намалување на базичната инфлација
Годишната инфлација во јули се намали од 4,9 на 4,4 проценти. Премиерот Христијан Мицкоски очекува да продолжи овој тренд и да стигнеме до стабилни 2 или 2,5 проценти. Неговиот став се темели и на информацијата, дека месечната инфлација во август била намалена во однос на јули.
Премиерот Мицкоски нагласи дека ако се направи длабинска анализа, ќе се види дека на месечно ниво првпат базичната инфлација е во негатива, односно во минус.
„Ако се направи длабинска анализа, ќе се види дека на месечно ниво првпат базичната инфлација е во негатива, односно во минус. Тоа е добар индикатор дека имаме полека стагнирање и намалување на базичната инфлација, која беше главен „драјвер“, двигател на генералната инфлација. Мерките не се така интензивни, кои ги правевме, ние се одлучивме и покрај критиката што ја добиваме од одредени невладини, синдикални здруженија итн., да водиме многу внимателна макроекономска политика, да направиме баланс помеѓу растот на платите и инфлацијата, односно секогаш растот на платите да е повисок барем двојно од растот на инфлацијата. Целта е граѓаните да имаат подобар стандард, така ќе продолжиме без интервенционизам“, рече Мицкоски.
Тој додаде дека се вршат интензивни контролите од Државниот пазарен инспекторат и од Комисијата за заштита од конкуренција.
фото Фејсбук/Христијан Мицкоски
