Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски и натаму е загрижен, но дал предлози како во време на енергетска криза да им се помогне на граѓаните

Мицкоски и натаму е загрижен, но дал предлози како во време на енергетска криза да им се помогне на граѓаните

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски попладнево по средбата во Владата со премиерот Димитар Ковачевски изјави дека ќе направат што е потребно да помогнат на граѓаните на Македонија и на стопанството за полесно справување со енергетската криза. 

Мицкоски и по состанокот изрази загриженост. 

„Мислам дека во период што следи е потребно силно да работиме да ги надмине сите проблеми што очиглено ќе ни се случуваат. Бидејќи дека она првичното сценарио, да ни бидат во функција сите капацитети, е тешко да се реализира. Од страна на Ковачевски лице за контакт беше назначен Крешник Бектеши. Веднаш после средбата ќе го контактираме и ќе му ги пренесеме нашите контакти. Предлагаме позиција што ќе обезбеди значителен поевтин ресурс за ТЕЦ Неготино, со што ќе произведеме струја два пати поевтина од безранската. Идејата е таа струја да ја намениме за стопанството, за да спасиме работни места“, рече Мицкоски. 

Вели дека кризата нема да заврши сега и треба да бидеме подготвени и за идната година. 

Слично

Поврзани вести