МИЦКОСКИ ГИ НАБРОЈА ПОРТУГАЛИЈА, ГРЦИЈА, СРБИЈА: Тврди дека нашиот минималец е подобар ако се земат предвид трошоците за живот
Според премиерот Христијан Мицкоски, Македонија во однос на минималата плата споредена со трошоците на живот е подобра од Португалија, Грција, Србија и други земји.
„Ова не го велиме ние, туку „Фајненс тинк“, рече денеска Мицкоски.
Одговорајќи на пратеничко прашање, Мицкоски изјави дека земјава е некаде на средината ако се земат предвид минималната плата споредено со трошоците на живот – во Германија и најниското ниво – во Албанија.
Синдикатите, власта и работодавачите вчера не постигнаа договор за минимална плата од 500 евра.
Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија(ССМ), Слободан Трендафилов е разочаран затоа што му рекле дека бара премногу.
фото принтскрин
Слично
