Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИЦКОСКИ: Гарантирам дека не само што нема да се задолжиме, туку и ќе го намалиме долгот

МИЦКОСКИ: Гарантирам дека не само што нема да се задолжиме, туку и ќе го намалиме долгот

Не само што нема да се задолжиме, туку и ќе го намалиме долгот, изјави премиерот Христијан Мицкоски за договорот со Обединетото Кралство. 

Мицкоски вели дека договорот е историски момент.  Тој ги наброја инфраструктурните и енергетските проекти како што се модернизацијата на пругата на Коридорот 10, изградбата на болници, студентски домови и енергетските капацитети Чебрен и Галиште дека конечно ќе се реализираат. 

„Гарантирам дека не само што нема да се задолжиме, туку и ќе го намалиме долгот кога овие проекти ќе се реализираат“, рече Мицкоски. 

Но, опозицијата го критикуваше договорот и според нив има многу нејасни работи. Пратениците вчера во Собранието го ратификуваа договорот. 

Слично

Поврзани вести