Мицкоски е против намалувањето на платите на функционерите и директорите
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели да не се чепкаат платите на функционерите и директорите. Kажа дека во услови кога инфлацијата е речиси 20 отсто, кога храната ние повеќе од 30-40 отсто поскапена, кога една потрошувачка кошничка веќе надмина 50 илјади денари за едно просечно семејство, тие да намалуваат плата е навистина безобразно.
Според него, парите кои треба да се обезбедат од оваа, како што ја нарече ад хок мерка може да се заштедат и на друг начин.
„Наместо 50 милиони евра да ги крадат преку ископ во Битола, преку наместени тендери за мазут, за јаглен со инстант компании, да престанат да крадат, тие пари ке завршт во стопанството и ќе спасиме многу работни места. Тоа е предлогот на ВМРО ДПМНЕ, бидејќи вчера го слушам премиерот Ковачевски како прави весела математика ако на 100 локални функционери им скрателе по 1000 евра ќе заштедат 100 илјади евра. Јас да му дадам еден мудар совет: само треба да се заврти кон себе и кон функционерите на власта. Тоа е отприлика пола дневница која ја крадат функционерите на власта“, вели Мицкоски.
