Мицкоски: Џаво Отомотив нова инвестиција во земјата
Владата постигнала договор со компанијата Џаво Отмотив, глобален производител на контролни кабли за автомобилската индустрија, која ќе инвестира околу 20 милиони евра и ќе отвори до 412 нови работни места во ТИРЗ Тетово.
„Од Тетово ќе се произведуваат автомобилски компоненти за светски познати брендови, а извозот на компанијата во полн капацитет ќе достигне 45 милиони евра годишно. Ова е уште една потврда дека довербата во македонската економија расте, дека инвеститорите ја препознаваат стабилноста и дека државата повторно станува атрактивна дестинација за нови вложувања. Ние не ветуваме фабрики – ние отвораме фабрики. Не ветуваме работни места – создаваме работни места. Не зборуваме за развој – го реализираме“, објави Мицкоски.
Премиерот очекува производството да започне на крајот на септември, договор за државна помош е поминат на владина седница, а како што беше кажано на денешната прес-конференција, Џаво Отомотив производството од Турција и Словачка ќе го пресели во Македонија.