Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски: Бројот на апарати за коцкање ќе се намали по природен пат

Мицкоски: Бројот на апарати за коцкање ќе се намали по природен пат

Премиерот Христијан Мицкоски денес објави дека Законот за игри на среќа е готов, дека треба да се усвои на седница на Влада по што ќе влезе во собраниска процедура.

Не даде детали за тоа што предвидува новиот закон, но нагласи дека со новото законско решение очекува бројот на таканаречени слот апарати, односно коцкарници, природно да се намали.

„Законот за игри на среќа, по неколкумесечна работа и негово усогласување, е готов. Очекувам овој месец да ја помине владината процедура, а потоа да влезе во Собранието. Ќе има многу новини, многу промени и очекувам бројот на тој тип апарати, по донесувањето на овој закон, природно да се намали“, рече Мицкоски.


Слично

Поврзани вести