Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски: Блиску сме до договор со инвеститорот, така што Попова Шапка ќе стане најубавиот зимски центар во овој дел од Европа

Мицкоски: Блиску сме до договор со инвеститорот, така што Попова Шапка ќе стане најубавиот зимски центар во овој дел од Европа


- Мислам дека сме на вистинскиот пат, не велам дека сум сигурен! Ова се многу сериозни инвеститори, рече премиерот Христијан Мицкоски при посетата на Попова Шапка, од каде рече дека е блиску договорот со странски инвеститори, од кои се очекува да го трансформираат центарот во еден од најбараните зимски дестинации во Европа.

„Наша цел е на краток рок да привлечеме инвеститор кој ќе инвестира, секако заедно со државата. И ќе го направиме она што е сон и цел за сите нас, Шапка да стане најубавиот зимски центар во овој дел од Европа. Кој ќе живее 365 дена во годината, а не само неколку месеци во текот на зимската сезона. Шапка, според можностите што ги нуди, ако се спореди со најдобрите центри за зимски туризам во Алпите, има 10 километри повеќе можности за изградба на скијачки патеки. Од Меѓународниот аеродром, за 45 минути, сте на патеките со скијачки чизми. Неколку месеци во зима имаме природен снег“, изјави Мицкоски.

Во врска со неовластените градби во овој скијачки центар, Мицкоски рече дека нема да донесат закон за легализирање на истите.

„Ако зборувате за дивоградба, и ако размислувате за закон за легализација на дивоградбата, ние немаме такви цели, ниту пак планираме да размислуваме во таа насока. Она што можам да го кажам е дека не треба да се гради дивоградба, бидејќи државата има механизми да го спречи ова“, додаде Мицкоски


Слично

Поврзани вести