Ми се спие, ми се плаче! Ама нема да си легнам, да не стресе!!!
Ми се спие, ми се плаче! Но јуначко срце не се предава толку лесно. Размислував да одам во парк да им се придружам на неколкуте илијади граѓани кои од страв решиле да преноќат под отворено небо, но си реков ќе си останам дома, не е „Бела ноќ“ па да шетам до доцна во ноќта по скопските улици .
За да ги оттргнам лошите мисли одлучив да пролистам дел од пораките објавени на Фејсбук . Се разбира топ тема на социјалните мрежи беа неколкуте земјотреси кои го тресеа Скопје и пошироко.
Паника? :) „Ајде сите на продолжен викенд надвор од Скопје. Државата е на потег“!
„Ја сум чул дека најсигурно за време на земјотрес е да си на друго место“
„Кај се разбегаа луѓево со куфери?! Празна зграда, празен паркинг, празно маало, празен градот.. абе дечки, кој ви гарантира дека таму нема да здрма?! Од смртта не се бега....“
Дека од смртта не се бега е факт, но е човечки да се справиш со проблемот како знаеш и умееш.
„Кревет- влезна врата , сите четворица 0,5 секунди“, брзината со која ова четворочлено семејство го напуштиле домот само го покажува огромниот страв и паниката која владееше.
Граѓаните се преплашени, бараат алтернативни решенија за да се засолнат од евентуален нов земјотрес. Дека стравот ги обединува луѓето говори и фактот што на едно место можете да видите луѓе кои со месеци не сте ги сретнале, а за некои од нив не ни знаете дека ви се комшии . Покрај очигледните проблеми, еден од проблемите при елементарни непогоди е што придонесува кон сплотување со власта. Па така можеше да се прочитаат и вакви пораки
„Ни една партија волку народот на улица нема изнесено “ или „ Ова комшииве се со распар пижами спијат“ ! „Конечно паркот заживеа, врволица од луѓе“
По онаа манифестација „Скопје гори “што секоја година се оргазнизира , од наредната година скеој 11 септември ќе има хепенинг „Скопје се тресе“
„Кој го смисли тоа „трета среќа“ мамицата у книшка“ или имате и ваков пост „Е аман више, пак љуља по хоризонтала. Е па не можам по цел ден книги и видеотека да редам и собирам керамички делови по куќа“.
Луѓето се на штрек . Некои си подготвиле и ранче со најпотребните работи , други, пак, решиле да не облакаат пижами .
Вчера вкупно 9 земјотреси во Скопје... Вечер заспивање облечен со одело и кравата, избричен и обавезно парфем. Уште едно брукање пред комшии нема да е ок :)“ , порака која собра 100 тина лајкови .
Махери сме на работите да им даваме и политичка димензија дури и кога нема простор за тоа ..
„Би апелирале да не одите од своите домоми ноќеска .Грујо како што е лаком, ќе ве опљачка најладно“ . „Вечер само лоповите ќе имаат ќар од паникава и напуштањето на домовите“ .
Ве поздравувам со пораката која на својот фејсбук профил ја напиша еден психотерепевт.
„После потресиве ајде малку за сексуалноста, примитивниот нагон за продолжување на видот е одличен одбрамбен механизам од стравот од смрт, значи гушнете И бидете интимни со вашите сакани“-сериозна сум.
Горазд Чомовски
