Економија, финансии, бизнис

Контакт

МФ: Политичката стабилизација позитивно се одразува на финансиските пазари за Македонија

МФ: Политичката стабилизација позитивно се одразува на финансиските пазари за Македонија

Пазарите позитивно ја перципираат стабилизацијата на политичката состојба во Македонија и перспективите за македонската економија, сопштуваат од

Кабинетот на Министерот за финансии, д-р Драган Тевдовски.

Како што се информира показател за тоа е намалувањето на стапката на принос на македонските еврообврзници кои се тргуваат на меѓународните финансиски пазари. 

Од средината на мај, приносите на сите три еврообврзници бележат постојано намалување.

Така, стапката на принос на последната еврообврзница што доспева во 2023 година, до средината на мај постојано беше над 4,5%, а денеска е сведена на 3,9%, што е историски најниско ниво за оваа еврообврзница.


Слично

Поврзани вести