Економија, финансии, бизнис

Контакт

МФ: Отплатен долгот кон Дојче банка во висина од 77,3 милиони евра

МФ: Отплатен долгот кон Дојче банка во висина од 77,3 милиони евра

Министерството за финансии денеска во целост го отплати заемот кон Дојче банк од 2012 година во висина од 77,3 милиони евра. 

Од Министерството соопштија дека заемот бил со каматна стапка од 6,456% и бил наменет за финансирање на буџетскиот дефицит и рефинансирање на обврските кои достасуваат по основ на редовна отплата на државниот долг.

„За таа цел од Буџетот на Република Македонија исплатени се 75 милиони евра наменети за отплата на главнина и 2,3 милиони евра за отплата на камата.

Овој износ е скоро три пати поголем од вчерашното задолжување на Министерството за финансии на домашниот пазар, кое беше со просечна стапка од 2,25“, се посочува во соопштението на Министерството.

Имено, со оваа исплата, јавниот долг, како процент од БДП, ќе се намали за 0,7 процентни поени. 

Слично

Поврзани вести