Мето Колоски од ОМД протестираше во Вашингтон
Мето Колоски од Обединета Македонска Дијаспора денеска протестираше пред македонската амбасада во Вашингтон, против одлуката на претседателот Ѓорѓе Иванов да помилува политичари.
Тој вели дека на овој начин го изразил своето демократско право.
„Им се придружив на други загрижени за состојбата во нашата татковина Република Македонија на мирен протест пред Амбасадата на Македонија во Вашингтон. 25 години градиме држава и имиџот на Македонија се влошува секој ден – ние не сме ДПМНЕ, не сме СДСМ, не сме “Соросоиди” – ние сме Македонци кои живееме надвор од татковината, но кои ќе продолжиме да се бориме за правдата во Македонија, за принципите на демократијата, за словодата. Протестирам за подобра Македонија, за владеење на правото, за независно судство, за слободни медиуми, за демократска власт, за толеранција на различностите, за граѓанско општество со право на избор!“ - вели Колоски.
Деновиве се протестираше пред амбасадата на Република Македонија во Ваштингтон. Македонците од дијаспората им дадоа поддршка на граѓаните кои протестираат во земјава.

