Економија, финансии, бизнис

Контакт

Метеж на Богородица, се чека по половина час

Метеж на Богородица, се чека по половина час

Сообраќен метеж  утрово има на граничниот премин Богородица  со соседна Грција.

Колози возила чекаат за влез во Грција. Од АМСМ информираат  дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

„На граничните премини Богородица и Дојран времето на чекање за излез од Македонија е околу 30 минути, а на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините“ - пишува во соопштението на АМСМ.

Состојбата е ваква затоа што голем број граѓани поради продолжениот викенд се упатија во Грција.  Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани.

Слично

Поврзани вести