Економија, финансии, бизнис

Контакт

МЕТЕЖ НА ТЕРМИНАЛИТЕ ЗА LNG ВО ШПАНИЈА: Бродови со течен гас чекаат со денови и не можат да се истоварат

МЕТЕЖ НА ТЕРМИНАЛИТЕ ЗА LNG ВО ШПАНИЈА: Бродови со течен гас чекаат со денови и не можат да се истоварат

Десетици бродови што пренесуваат течен природен гас (LNG) кои кружат крај бреговите на Шпанија, не можејќи да обезбедат слотови за истовар, ги натераа операторите на мрежата да предупредат дека можеби ќе треба да го прекинат товарењето за да се справат со оваа „исклучителна ситуација“.

Европа се соочува со силен притисок во снабдувањето со енергија бидејќи Русија постепено го намалува протокот на гас откако Западот воведе санкции како одговор на руската инвазија на Украина кон крајот на февруари.

Регионот мораше да најде алтернативни залихи, вклучително и ЛНГ, но пристигнувањето на повеќе товари го разоткри недостигот на европските капацитет за „регасификација“, бидејќи постројките што го претвораат течниот гас повтодно во гасна состојба работат на максимален лимит.

Ако наскоро не се расчисти заостатокот, тие бродови може да почнат да бараат алтернативни пристаништа надвор од Европа за да го симнат својот товар.

Има повеќе од 35 пловни објекти натоварени со ЛНГ кои пловат покрај Шпанија и околу Медитеранот, при што најмалку осум бродови се закотвени само покрај заливот Кадиз, изјавија во понеделникот трговци, аналитичари и извори на терминалите за ЛНГ запознаени со ситуацијата.

Шпанија нуди само шест слотови на своите терминали за регасификација за товар оваа недела, рече извор од индустријата, што е помалку од една петтина од бројот на бродови кои чекаат на ред кај нејзините брегови. Земјата има вкупно шест терминали, пишува Reuters.

Во изјавата објавена доцна во понеделникот и насловена „декларација за исклучителна оперативна ситуација“, шпанскиот национален оператор за гасна мрежа Енагас рече дека можеби ќе мора да одбие истовар на ЛНГ поради прекумерен капацитет на своите терминали.

Се додава дека високите нивоа на окупација во постројките за регасификација во земјата се очекува да останат најмалку до првата недела од ноември.

Исто така, има бродови со ЛНГ закотвени во близина на други европски земји, што може да значи дека чекаат уште десетици, велу уште еден извор за Reutersзапознаен со ситуацијата.

„Нивото на пловечко складирање во транспортот на ЛНГ е секогаш високо со нешто повеќе од 2,5 милиони тони врзани во пловечки складишта“, вели Ојстеин Калеклев, главен извршен директор на бродосопственикот FLEX LNG Management.

Недостигот од постројки за регасификација или цевководи што ги поврзуваат земјите што ги имаат тие капацитети со другите европски пазари, значи дека пловечкиот ЛНГ офшор не може да се користи. „Видовме голем број товари кои чекаат во морето во јужна Шпанија или кружат во Медитеранот, како и некои товари кои чекаат покрај Велика Британија“, вели Алекс Фроли, аналитичар за LNG во компанијата за разузнавачки податоци ICIS.

Фроли од ICIS рече дека друга причина за метежот е тоа што се очекува цените да се зголемат како што се приближува зимата и се зголемува побарувачката за греење, така што некои бродови чекаат да ги продадат своите товари по повисока цена што може да ги надомести дополнителните трошоци за испорака направени со чекање на брегот.

Инаку, Шпанија има најголем капацитет за регасификација во Европската унија, со 33% од вкупниот LNG и 44% од капацитетот за складирање на LNG.

Оваа недела, лидерите на Франција, Германија, Шпанија и Португалија треба да се сретнат за да се обидат да постигнат договор за гасоводот MidCat кој би можел да носи шпански гас - а во иднина и водород - до централна Европа.

MidCat ќе создаде трета гасна врска меѓу Франција и Шпанија, за која нејзините главни поддржувачи, Мадрид, Лисабон и неодамна Берлин, велат дека ќе и помогне на Европа да ја намали зависноста од рускиот гас.


Слично

Поврзани вести