МЕТЕОПРО: Умерено топло и претежно стабилно
Претежно стабилно време со мала до умерена облачност не очекува денеска во најголемиот дел од земјата. Можна е слаба локална нестабилност во Шарскиот и Мавровскиот регион, како и делови од Полошкиот крај. Истата може да има потенцијал само за слаб локален дожд и ретка појава на грмежи.
Температурниот максимум денеска можеме да го окарактеризираме како умерен. Истиот во Скопје ќе достигне 32°С, малку под границата од 30°С во Охридско - Преспанскиот крај. Кичевско, Полог и Пелагонија околу 30°С и околу 35°С во југоисточниот дел од земјата.
Ветерот ќе биде и понатаму претежно од северен и северозападен правец. Истиот ќе биде релативно слаб.
Детална прогноза на метеопро.мк
Слично
