МЕТЕОПРО: Претежно сончево и умерено топло
Последниот ден од оваа работна недела го заокружуваме со претежно сончево време. Поточно сончево утро и претпладне, а попладне и вечер со мала до умерена облачност.
Умерено високата максимална температура која денеска ја очекуваме значи дека нема да имаме проблем ниту со овој метео параметар.
Максималната вредност на температурата во Скопскиот регион нема да надмине 33°С. Сличен максимум на температурата ќе имаме во Овчеполско, Велес и во Штипскиот регион. Максимална температура околу 30°С се очекува во Полог, Кичевско, Охрид, Преспа и Пелагонија.
Ветерот и денеска ќе биде слаб и претежно од северен и северозападен правец.
детална временска прогноза на метеопро.мк
Слично
