Метеопро: Посвежо, локално ќе има пороен дожд во попладневните часови
Денешниот ден повторно носи мало освежување со локален дожд и грмежи, додека вечерта пак носи намалување на облачноста. Дождот локално може да има краткотраен пороен карактер.
Температурата ќе биде генерално слична на вчерашната, па во поголем дел од котлините на северот од земјава ќе достигне максимум само малку над 30°С.
На југот од Повардарието до максимални 35°С, додека во Охридско-Преспанскиот регион и Поречието максималната температурата ќе биде малку под 30°С. Ветерот и денеска ќе биде претежно слаб, освен долж Повардарието каде на моменти ќе биде со умерена брзина и од северен правец. детална прогноза на метеопро.мк
Слично
