Економија, финансии, бизнис

Контакт

МЕТЕОПРО: Посвежо, локално и дожд попладне

МЕТЕОПРО: Посвежо, локално и дожд попладне

Денешниот ден носи мало освежување со локален дожд во делови од северната половина од земјава. Нешто пооблачно време очекува северозападниот регион уште во претпладневните часови. Дождот кој се очекува нема да биде со значителен интензитет, но сепак е добредојден во најсушниот месец во годината во нашата земја.

Температурата ќе биде главно пониска од вчерашната, па во поголем дел од котлините на северот од земјава ќе достигне максимум само малку над 30°С. На југот од Повардарието до максимални 35°С, додка во Охридско-Преспанскиот регион и Поречието максималната температурата ќе биде малку под 30°С.

Ветерот ќе биде претежно слаб, освен долж Повардарието каде на моменти ќе биде со умерена брзина и од северен правец. детална временска прогноза на метеопро.мк
Слично

Поврзани вести