МЕТЕОПРО МАКЕДОНИЈА: Повеќе облаци, попладне нестабилно
Денеска ќе имаме преодно позначително дестабилизирање на атмосферата. На повеќе места очекуваме појава на облачност која локално ќе донесе поинтензивни врнежи и грмежи проследени со засилен ветер. Сепак, не се очекуват процеси кои можеме да ги окарактеризираме како силно невреме. Температурата ќе има тренд на опаѓање, а максималната вредност во Скопје нема да надмине 32°С. Сличен максимум на температурата се очекува во Овчеполско, Штип, Пелагонија и Полог. Под 30°С максимална температура ќе има во Охридско Преспанскиот и Малешевско Осоговскиот крај.
Претпладне ќе дува слаб ветер претежно од северн правец, а околу пладне и умерен северен и северозападен ветер долж повардарието.
Детална временска прогноза на метеопро.мк
Слично
