Метео: Жолт аларм за невреме во Македонија
Според податоците на метеоролошкит веб сајт meteoalarm.eu за екстремни временски промени Македонија е под жолт аларм за невреме. Како ризични места се наведени Северниот и Јужниот Вардарски регион, Осогово, Охридскиот регион, Пелагониско и Поречието.
Речиси целиот Западен Балкан е под закана од циклонска маса која ќе донесе дождови и грмотевици.
Претходно УХМР излезе со прогноза дека попладнево ќе има вложување на временските услови со дестабилизација, поројни дождови, грмотевици и услови за невреме. Обилни врнежи од дожд и грмежи веќе ја зафатија околината на Кичево.
Слично
