МЕТАТА ПОЗНАТА: „Исламска држава“ подготвува нови напади во Турција
Терористичката група „Исламска држава“ планира во блиска иднина терористички напади во Турција, а како основна цел на терористите ќе бидат еврејските деца.
Ова го соопшти британскиот весник „Daily Express“, повикувајќи се на телевизијата „Sky New“s, која има свои извори во разузнавачките служби.
Во следните неколку дена, ако не и само часови, нападите можат да бидат извршени во училишта, детски градинки и младински центри, пишува весникот.
Достапни на службите се разузнавачки информации добиени од заробени шестмина борци на “Исламска држава“ минатата недела во турскиот град Газиантеп.
Една од најверојатните цели на терористите може да биде синагога во Истанбул на која работат библиотека и училиште.
Слично
