Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Металург“ се претвори од ѕвезда во скандал на СЕХА-лигата

„Металург“ се претвори од ѕвезда во скандал на СЕХА-лигата
Ракометниот клуб „Металург“ стана скандал во СЕХА-лигата поради одбивањето на ракометарите да отпатуваат на натепреварот во Загреб, пишуваат хрватските медиуми. Тие нагласуваат дека постои можност натпреварот да се игра во друг термин, но според правилата на СЕХА, најверојатно ќе биде одлучено Металург да го загуби натпреварот службено со 10-0 и да добие парична казна од 2.000 евра. За порталот Гол.хр ова претставува „шокантен пресврт“. Хрватските медиуми го пренесуваат и соопштението на ракометарите од клубот, кои одговорноста за случувањата ја префрлаат врз тренерот Лино Червар, кој по потекло е од Хрватска. Изненадувањето од ваквиот развој на настаните е големо особено затоа што минатата сезона „Металург“ беше ѕвезда на оваа регионална лига и на европската ракометна сцена воопшто.
Слично

Поврзани вести