Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Металург“ се огласи: „Заткулисни игри на мал број ракометари!“

„Металург“ се огласи: „Заткулисни игри на мал број ракометари!“
Ракометниот клуб „Металург“ смета дека последните случувања се обид да се оцрни клубот од страна на „мал број ракометари, поддржани однадвор“, кои се служат со „заткулисни игри“ и „лаги, подметнувања и добро смислени конструкции“. Во официјалното соопштение, објавено на интернет страницата на клубот, се наведува дека Металург името го градеше макотрпно под раководство на Лино Червар кој во Скопје дојде токму со амбиција да создаде силен и успешен ракометен колектив. Притоа се потсетува дека под раководство на овој врвен светски тренер, Металург освен што се посвети на создавање млади играчи, освои и 4 шампионски и 4 куп титули и стана хит во Европа со континуираното учество во завршницата на Лигата на Шампионите во последните четири сезони. „Оттаму, навредливи се наводите на ,“професионалците,“ кои ги уживаат сите привилегии и комфор откако се дојдени во клубот пред многу години, дека творецот на најголемите клупски успеси е одговорен за таканаречено уништување на ракометарите. Беше нападнат долго осмислуваниот концепт на Металург, кој даде неверојатни резултати на европско ниво, а се со цел бранење на сопствените интереси. Станува очигледно дека екстремниот егоизам на поединци во тимот е единстевната причина за грубиот напад на македонското ракометно ткиво, бидејки основната идеја за концептот по кој работи клубот е создавање на млади играчи кои се прозивод на долга и макотрпна селекција што се спроведува не само во Скопје туку во повеке школи ширум Македонија. Илузорно е да се тврди дека успесите на Металург се резултат само на ангажманот на неколкумина поединци кои сакаат да си ги припишат успесите себеси“, се наведува во соопштението. „Несериозно е и навредливо, да се омаловажува и навредува стручњак како Лино Червар,  кој со доаѓањето во Скопје го внесе клубот во извонредно успешна и блескава ера, и воспостави врвна работа во академијата на Металург што е основна база од каде што веке се регрутираат врвни ракометари што ги бранат боите на клубот но и на македонските репрезентации. Металург нема да дозволи да се минимизира работата на клубот со младите категории чии играчи по пауза од цела една деценија овозможија формирање на национални селекции што се претставија на големи европски натпреварувања. Лидерите на бесрамниот напад врз клубот, жестоко ги навредија и приврзаниците на клубот кои 4 сезони по ред ја полнеа ,“Борис Трајковски,“ Арена во огромен број и сеуште имаат желба и во иднина да ја дадат својата безрезервна поддршка. Металург во изминатите сезони постави нови стандарди во однос на посетеноста на натпреварите во Лигата на Шампионите и за тоа им изразува голема благодарност на навивачите“, додава клубот. Металург објавува дека веќе презема решителни мерки за справување со ,“професионалците,“ испраќајќи силна порака до сите дека никогаш и под никакви услови нема да дозволи да си поигруваат со името, интегритетот и кредибилитетот на клубот што и во иднина ќе остане посветен на својот зацртан план за работа и развој. Во исто време Металург ќе ги искористи сите механизми пропишани во статут на клубот за бескомпромисно разрешување на настанатата ситуација, односно со покренување на дисциплински постапки против сите инволвирани во последните настани.  
Слично

Поврзани вести