МЕТАЛУРГ: Ракометарите и тренерот во војна!
Ракометарите на „Металург“ до јавноста испратија соопштение во кое за случувањата во клубот го обвинуваат тренерот Лино Червар. „Од вчерашниот ден, сите играчи на клубот РК Металург повеќе не одиме на редовни тренинзи, од причина што сме длабоко разочарани и огорчени од начинот на кој со нас се однесува раководството на клубот заедно со тренерот Червар, и која состојба трае веќе еден период и која за нас претставува голем проблем, а нема никаква врска со финансиската состојба во која се наоѓа клубот“, стои во соопштението.
„Малкумина се запознаени со односот на тренерот кон нас, кој постојано го омаловажува нашиот учинок во клубот, како и сето она што досега сме го постигнале, дури и во најтешките ситуации и наш впечаток е дека негов интерес не е ниту Металург, ниту ние како играчи, ниту пак гаење на нови домашни кадри, туку свој личен инетерс, а тоа е што подолго да се остане во клубот по секоја цена, притоа без никаква емоција кон спортот, клубот или пак играчите“, додаваат ракометарите.
Според нив, последните изгубени натпревари немаат никаква врска со финансиската ситуација на клубот, бидејќи тие секогаш се борат за победа, платени или неплатени, „туку само со тенденциозно водење на кадарот со цел да се изгуби, со стратегија и план кои немаат никаков резон“.
Сопственикот на клубот Минчо Јорданов на состанокот синоќа задржал страна на Червар. Состанокот поминал во тензична атмосфера.
„Кому не му се допаѓа Червар за тренер, нека ја напушти салата“, им се обратил Јорданов на ракометарите, по што тие сите заедно станале и си заминале од „Автокоманда“, објави порталот Спортмедиа.мк
Конфликтот во клубот започна да се одразува и на меѓународните обврски. Натпреварот од 6 коло на СЕХА ракометната лига меѓу Загреб и Металург што требаше да се игра денеска е откажана. Причината е недоаѓање на македонскиот првак, кој има внатрешни проблеми, бојкот на играчите поради неисплатените плати.
Утринава требаше екипата да отпатува авионски за Загреб, но никој не се појави на аеродормот Петровец, а во Загреб биле информирани дека нема да се патува.
КУЛМИНАЦИЈА: Што ќе стане со Металург на Минчо Јорданов?
Слично
