Металската индустрија на удар, ветриштата од ЕУ неповолни за вкупната економија!
Почнувајќи од март 2013 година НБРМ започна со објавување на информацијата „Најнови макроекономски показатели - преглед на тековната состојба“, наместо досегашната месечна информација. Целта на новата информација е да даде осврт на најновите макроекономски податоци за домашната економија и за најновите претпоставки за надворешното окружување, со цел да се следат отстапувањата на тековната состојба во економијата од очекуваната и да се оценат ефектите врз монетарната политика.
Металската индустрија не ја чекаат подобри денови. Според анализата на НБРМ, во периодот што следува се очекува намалување на цената на металите, што директно ќе го засегне металскиот сектор во земјава, кој се смета за еден од водечките.
Според очекувањата, годинава цените на никелот ќе се намалуваат, наместо претходните проекции за раст. Цената на бакарот ќе оствари подлабок пад.
“Проекцијата за движењето на цените на металите е надолно ревидирана, покажувајќи понеповолни услови за размена во овој дел од извозниот сектор.“ - пишува во анализата.Поповолни очкувања за цените на металите се очекуваат дури во 2014 та година. Како пооптимистички сигнали се толкуваат очекувањата за намалување на светските цени на храната и нафтата, што ќе предизвика намалување на инфлацискиот притисок, но сепак со постоечки ризици.
“И покрај помалите инфлациски ризици гледано преку вкупната инфлација, базичната инфлација и понатаму отстапува од проектираната патека и упатува на поголеми пренесени ефекти од растот на цените на храната и енергијата врз останатите цени во економијата. “ - стои во анализата.Проекции: внатрешниот долг расте, кредитирањето забавува Не запираат внатрешните задолжувања на Владата. Заклучно со март, владата по основ на државни хартии од вредност должи 905,5 милиони евра. Само за три месеци салдото е зголемено за 102 милиони евра.
“Ова салдо е поголемо во однос на проектираното ниво на државни хартии од вредност “ - пишува во извештајот на НБРМДепозитната база се намалува. По февруарскиот пораст, во март повторно топење на депозитите. Проекциите на Народната Банка – потфрлија во однос на остварените резултати во првиот квартал.
“Во текот на март е забележено намалување како резултат на падот на депозитите на претпријатијата. Годишната стапка на раст на вкупните депозити изнесува 4,2 отсто во однос на истиот период лани и е под проекцијата за првиот кавртал од 4,7% “- заклучува НБРМНе се остварија ниту прогнозите за кредитен раст.
“Заклучно со март, годишната стапка на вкупните кредити изнесува 4,3 проценти во однос на истиот период од претходната година и е под прокецијата за првиот квартал од 4,7%.“Бруто девизните резерви се 2 милијарди 230 милиони евра, и според НБМ оставриле раст според проекциите. Вкупните економски движења во земјите од Европската Унија засега не навестуваат оптимизам “Надолните ризици околу закрепнувањето на економијата и понатаму се присутни и во основа произлегуваат од евентуалното бавно спроведување на предвидените реформи во европската економија, што може неповолно да делува врз очекувањата и довербата на економските субјекти. Притоа, очекуваната патека на движење на економијата на евро-зоната не е променета, односно и понатаму се очекува пад на активноста во 2013 година и влегување во зоната на позитивни промени во 2014 година“ - пишува во најновиот Извештај на Народната Банка. А.Д.
Слично
