Економија, финансии, бизнис

Контакт

МЕТА ПЛАНИРА ГОЛЕМИ ОТПУШТАЊА - компанијата што ги поседува Facebook, Instagram, WhatsApp и Messenger има финансиски проблеми

МЕТА ПЛАНИРА ГОЛЕМИ ОТПУШТАЊА - компанијата што ги поседува Facebook, Instagram, WhatsApp и Messenger има финансиски проблеми

Мета планира да отпушти вработени оваа недела, рекоа три лица запознаени со ситуацијата, додавајќи дека отпуштањата ќе бидат најголеми во компанијата откако е основана во 2004 година. Не е јасно колку луѓе ќе бидат отпуштени и во кои сектори, рекоа луѓето кои одбија да го откријат својот идентитет бидејќи не се овластени јавно да зборуваат. Откажувањата се очекуваат до крајот на неделата. На крајот на септември Мета имаше 87.314 вработени, 28 отсто повеќе од пред една година.

Мета со месеци се бори со финансиски тешкотии и сè повеќе ги намалува трошоците. Компанијата од Силиконската долина, која ги поседува Facebook, Instagram, WhatsApp и Messenger, потроши милијарди долари на новата технологија на метаверс, сеопфатниот интернет свет, исто како што глобалната економија забави и инфлацијата вртоглаво се зголеми.

Во исто време, дигиталното рекламирање - кое го сочинува најголемиот дел од приходите на Мета - ослабе бидејќи огласувачите се повлекоа, што влијаеше на многу компании за социјални медиуми. Бизнисот на Мета е погоден и од промените во приватноста на Apple, кои ја оневозможија можноста на многу апликации да таргетираат мобилни реклами кон корисниците.

Фото: ЕПА

Слично

Поврзани вести