Економија, финансии, бизнис

Контакт

МЕСТО КОЕ ТРЕБА ДА СЕ ПОСЕТИ ВО 2024 ГОДИНА: Хрватски остров доби многу пофалби

МЕСТО КОЕ ТРЕБА ДА СЕ ПОСЕТИ ВО 2024 ГОДИНА: Хрватски остров доби многу пофалби

Хрватски остров се најде на листата на места кои треба да се посетат во 2024 година. 

Хвар е најдобро да се посети во мај и јуни, како и септември и октомври. 

Магазинот „Форбс“ објави листа со европски дестинации кои треба да се посетат во 2024 година, а првото место го зазеде Хвар.  Опишан е како најсоодветен за туристите затоа што на Хвар секој може да најде нешто за себе. Има добри ресторани, бурен ноќен живот, велнес-центри. На оние што не се заинтересирани за врева и метеж, им се препорачува да се упатат кон внатрешноста на островот и да ги посетат лозјата и полињата со лаванда.

Понатаму се наведува дека до Хвар може да се стигне со траект или катамаран од копното на Хрватска и со редовни автобуски линии од Сплит, Дубровник и други крајбрежни градови. 

На второ место се Надворешни Хебриди. Тоа е архипелаг кој се наоѓа западно од брегот на копното на Шкотска.

На трето место е островот наречен Стромболи, кој се наоѓа во Италија. Овој остров е всушност вулкански конус.

Слично

Поврзани вести