Економија, финансии, бизнис

Контакт

Меси доби 21 месец затвор, но нема да биде зад решетки

Меси доби 21 месец затвор, но нема да биде зад решетки

Лионел Меси и Хорхе Меси се осудени на по 21 месец во затвор поради даночни измами.

Сепак фудбалерот на Барселона и неговиот татко нема да поминат ниту еден ден во затвор.

Нема да лежат затвор поради праксата затворските казни до две години да бидат заменети со условни казни ако осудените немаат криминално досие.

Со денешното изрекување на пресудата и официјално се става крај на судскиот процес против Меси, за кого имаше сериозни докази за затајување на данок во изминатите години. Таткото Хорхе Меси сакаше целосно да ја превземе вината, но обвинителството тврдеше дека Лео бил апсолутно свесен за случувањата со неговите пари и ги одобрувал измамите.

Судот ги прифати аргументите дека Лео Меси треба да одговара за даночно затајување.  Лео ќе треба да плати два милиони евра како парична казна, а Хорхе 1,5 милион евра за својата вмешаност во скандалот.

Слично

Поврзани вести